Двајца рудари, од Кр.Паланка и Пробиштип загинаа во рудник кај Медвеѓа

Двајцата рудари од Македонија, кои загинале синоќа во рудникот „Леце“ кај Медвеѓа, се Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (50) од Пробиштип, објави „Канал 77“.

Според првичните информации несреќата се случила околу 23.30 часот по минирањето кога најверојатно, според лекарите, двајцата рудари се задушиле од отровните гасови во јамата.

Веднаш на лице место пристигнала медицинска екипа, но и покрај напорите на лекарите не било можно да се вратат виталните функции кај двајцата несреќни рудари, кои не давале знаци на живот.

Лекарите само ја констатирале смртта. Кривопаланчанецот Петковски бил надзорник во рудникот додека Нанев бил рудар. Двајцата поминале четири години во „Леца“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e