ДУИ се пишмани со платформата: Еве што нема да влезе во преговорите за коалицирање

По завршувањето на седницата на Централното претедателство на ДУИ, од партијата соопштија дека “свесни за одговорната и одлучувачка улога на ДУИ во ориентирањето на политичките процеси во државата, во духот на унифицираниот став на албанските политички партии во Македонија и врз основа на платформата на Демократската унија за интеграција, ДУИ започна сеопфатен консултативен процес со партиската структура и граѓаните, анилизирајќи ги геополитичките, регионалните и домашните случувања и импликации“.

Централното претседателство на ДУИ ги донесе следните заклучоци:

– ДУИ нема префериран партнер во македонскиот политички блок;

– Интересот за одржување на стабилност на државата го става над партиските интереси и калкулации;

ДУИ ги утврди и целите како услови кои не можат и нема да бидат предмет на преговарање со ниту една партија:

– Рамноправна употреба на службениот албански јазик

– Интеграцијата во НАТО

– Интеграција во ЕУ и

– Продолжување на мандатот на СЈО со цел расветлување на сите сомнежи кои произлегуваат од мегаскандалот со прислушувањето.

„ЦП на ДУИ останува во континуирано заседавање се до завршување на овој консултативен процес“, се наведува во соопштението.

Она што беше наведено како платформа за која ќе се преговара изгледа ќе се преговара само за половина додека за другото ќе биде земи или остави. На овој начин се затвараат можностите за Груевски кој е строго против продолжување на мандатот на СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e