Цветин Чилиманов за Кочо Рацин: Џуџето од Велес кој единствено добро што направил е што умрел на време

Новинарот Цветин Чилиманов, кој овој период е активен во „војната“ против Сорос со барања за десоросоизација, на својот блог објавил текст за поетот Кочо Рацин.

„Апсолутно сум подготвен да ја посочам вината за кризата кон странскиот фактор, странските служби, кон странскиот милијардер кој вештачки го продолжува животот на трулата југословенска збирштина на агенти, новинари,академици и уметници. Но, ајде да поразговараме малку и за нашата домашна одговорност, што е тоа во нас што не прави подложни на вакви влијанија, нејзините почетоци, за тоа како оваа трагична македонска приказна воопшто почна? А почна, како и секое раѓање, со многу надежно исчекување, низ болки и маки, крв и пот. Почна со Коста Апостолов Солев Рацин, џуџето од Велес (yes, I went there)“, пишува Чилиманов.

Тој преку анализа на неговата песна „На Струга дуќан да имам“ го обвинува поетот за, како што вели, „отровно, штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа“.

„Тука, во оваа песна, јас ја доживувам целата беда на македончето, јасно спротиставена на големината на достигнувањата кои тогаш ни биле на дофат. Коста зема преубава оригинална народна песна, песна на љубовта и човечките достигнувања, и ја покрива со мрачна коприна на длабокиот нихилизам, ништавилото, кое е во суштината на неговата филозофија“, пишува Чилиманов.

„Рацин е ловроносниот поет на едно уплашено, себично, грабливо, тоталитарно време кое го повикувал и посакувал со неговите песни. Единственото добро нешто што може да се каже за Рацин е дека умрел на време, пред да стане партиски комесар и цензор, човек кој ќе одобрувал која книга е доволно револуционерна за да смее да се објави, а која книга значи дека авторот треба да биде пратен на превоспитување (или нешто уште полошо). Пред да се претвори во кодош и денунцијант како Славко Јаневски. Убиен е од неговите, нормално, од еден од ѕверовите кои ги инспирирал на грабеж (под претпоставка убиецот воопшто да бил писмен да ги прочита песните на Рацин — можеби не ни му бил потребен друг поттик отколку да намириса дека доаѓа време на разграбување на имотот што неговите трудољубиви соседи домаќини го имале стекнато).

Општеството кое Рацин го посакувал, во кое поединецот мора да биде потчинет на масата, мора да биде владеено само со брутална сила, со тајна (или не толку тајна) политичка полиција, која ќе ги гони неистомислениците, сите што нема да го воспеваат комунистичкиот режим. Да ја преживеел војната, Рацин можеби ќе имал доблест да крене рака и да каже, полека бе другари, не се боревме за ова. И ќе го отепале малку подоцна, на друго место. Поверојатно ќе се запиел. Најверојатно ќе станел политички комесар во некоја издавачка куќа и ќе решавал што смее, а што не смее да се отпечати како политички одобрена литература“, пишува Чилиманов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e