Царовска ќе бара одговорност за случајот со девојчето од „25 Мај“

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека во понеделник ќе се знае кој е одговорен и кој ќе ја понесе одговорноста за случајот со 13-годишното девојче, штитеник на Јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“.

– Одговорност ќе има откако комисијата во понеделник ќе ги даде препораките и ќе постапи соодветно. Нема можност некој да се изземе од одговорност – рече Царовска вечерва во дебатната емисија Топ тема на ТВ Телма.

Таа најави дека ќе побара одговорност од лицата кои раководат со институцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e