Беса Арифи: Maфијашот кој сакаше да стане диктатор ќе оди во опозиција како голем патриот

Мафијашот кој сакаше да стане диктатор, а кој себе си се замислува за Бог, ќе оди во опозиција како голем патриот. Сè заради некои “клети шиптари” кои никако да го засакаат и за кои било “fancy” да си против ВМРО.

Епа тука се согласуваме со Груевски, за прв пат од кога памтам за него. Да, “fancy” e да си против криминал кој некој сака да го покрие со рувото на патриотизам. Уште повеќе е “trendy” да си против фашистички национализам со кој себеси се прогласуваш за “патриот” а другите, кои се дрзнале јавно да прозборат за твојот криминал ги нарекуваш “предавници”.

Дури е и “cool” да се гордееш што си против таков ерес кон демократијата и да се обидеш да успееш да најдеш ронка надеж за живот во земјата во која надежта е одамна убиена од страна на лажните патриоти кои уште мислат дека знаат што е добро што е лошо, што им треба а што не им треба на граѓаните. Таа дрскост со која Груевски се замислува и се претставува како бог на патриотизмот во оваа поднебје извира од тие 450.000 гласови на луѓе кои навистина веруваат дека нивните сограѓани ќе ја разнебитат оваа земја и со тоа најлесно и најшироко ги затвораат очите пред криминалот што им се одвива пред нос.

Се надевам дека еден ден тие граѓани ќе разберат дека вистинската опасност во оваа земја не доаѓа од Албанците или било кои други заедници, туку доаѓа од луѓе кои се спремни да направат сé за да бидат недопирливи во обидот за гонење на корупција и криминал. Се надевам дека еден ден ќе разберат дека службената употреба на јазикот на една заедница ја прави таа земја побогата а не посиромашна. Се надевам и пожелувам еден ден да можат да ги прочитаат стиховите на Миѓени и да видат колку се слични на стиховите на Рацин, како и да го почувствуваат истиот копнеж по татковината во стиховите на браќата Миладиинови како и во тие на браќата Фрашери. Можеби тогаш ќе разберат дека всушност не сме толку различни и дека отсекогаш сме имале заеднички проблеми за кои многу малку сме знаеле и кои сме ги скриле меѓу себе со цел да бидеме посигурни во нашата изолација. Се надевам дека во иднина ќе можеме да кажеме дека навистина живееме во заедничка држава во која сите се свесни за проблемите на другите и настојуваат истите да ги решат преку градење мостови а не преку копање ровови. Надежта е силна работа и умира последна. Некои дури кажуваат дека е вечна.

Колумната на Беса Арифи во целост прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e