Апелација денес ќе ги разгледува жалбите за притворот на дел од осомничените за крвавиот четврток

Денеска на јавна седница во Апелација, која е закажана за 14 часот, ќе се разгледуваат жалбите на притворените кои се осомничени за насилните протести во Собранието на 27 април. Расправа на јавна седница побараа актерот Владо Јовановски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ и Оливер Поповски.

До Апелациониот суд во Скопје вкупно се стигнати 16 жалби од осомничените на кои им е продолжен притворот. Кривичниот совет на Кривичниот суд, на 27 декември, донесе одлука и го прифати предлогот на обвинителството за организиран криминал и за 23 осомничени ја продолжи мерката притвор за уште 30 дена. На шест осомничени судот им ја продолжи мерката куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e