ВМРО – ДПМНЕ со кандидат доктор на изборите во Охрид

Докторот Митко Тилев ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, објави МХ радио.

Листата за советници од редовите на оваа партија ќе ја предводи Претседателот на Општинскиот Комитет Кирил Пецаков, објави Охрид1.

Оваа одлука најверојатно официјално ќе биде соопштена во текот на утрешниот ден.

Негов противкандидат од СДСМ е професорот на ФТУ, Јован Стојаноски.

Бакрачески проценил дека престојниот период треба повеќе да се посвети на приватните и професионалните предизвици, дека жали за тоа што го остава градот во фаза на многу започнати проекти, проекти кои се при крај на реализација, но и договорени капитални зафати, кои ќе завршат во друг мандат, но дека одлуката е дефинитивна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e