Убедлива победа на СДСМ и Борјанчо Мицевски во Крива Паланка

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија, од обработени 97,87% од гласовите, односно пристигнати податоци од 46 од вкупно 47 избирачки места, кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ и коалицијата, Борјанчо Мицевски извојува убедлива победа во првиот круг, над кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски.

Борјанчо Мицевски довербата ја доби од 7059 граѓани, додека Алексовски освои 4662 гласа.

rezultati_gradonacalnik_kriva_palanka

 

Приближен е и соодносот во бројките за советничките листи.

Советничката листа на СДСМ и коалицијата, предводена од Изабела Павловска освои 6901 глас, листата на ВМРО-ДПМНЕ 4543 гласови а листата на Левица 211 гласови.

lista

Правото на глас го оствариле 12169 од запишаните гласачи или 74,92%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e