СДСМ: Поврзување на Кр.Паланка со Мак.Каменица, заживување на туристичкиот потенцијал на Калин Камен

“Изградбата на пат на потег Крива Паланка-Македонска Каменица би бил од огромна корист не само за населението од овие два града, туку и за сите други блиски градови од истокот. Ова би значело побргу и поблиску поврзување со Македонска Каменица, Кочани, Штип, Делчево и Берово. Поврзувањето значи зголемување на комуникацијата, зголемување на економската соработка на градовите од истокот, но индиректно овој патенправец би го зголемил и извозот кон Бугарија, Турција и земјите од истокот. Овој правец би бил позитивна предност за градовите од истокот на Македонија кои важат за битни производители во повеќе индустриски гранки и земјоделието и кои имаат потреба од набавка на материјали и извоз на своите производи. Со ова повторно ќе се направи заживување на граничниот премин Деве Баир, кој претставува главен и најголем премин за поврзување со градовите од соседна Република Бугарија. Со ваквото поврзување ќе се зголеми фреквенцијата и соработката на двете држави на економски план, но и ќе се придонесе за развој на туризмот кој сè повеќе е на цена за бугарските туристи, кои сè почесто ја одбираат Македонија како посакувана дестинација за рекреација, одмор и шопинг.

Заживувањето на Калин Камен е од огромна важност за развој на туризмот, зајакнување на економијата и намалување на невработеноста во градот. Калин Камен е своевидна природна атракција која со одредени инвестициони зафати може да прерасне во модерен туристички комплекс со бројни содржини кои инволвираат зимски спортови како скијање и бординг, но и развој на планинарскиот туризам, планинскиот велосипедизам и други планински спортови.
Со инвестирањето во заживување на овој локалитет, значително ќе се зголемат приходите на градот, а со тоа ќе се очекува и покачување на животниот стандард на граѓаните на Крива Паланка и развој на другите производствени и услужни сектори.” – стои во соопштението од СДСМ Крива Паланка, како мерки од изборната програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e