Пожар во неколку куќи во Ресен

На 17.01.2018 година во 11.20 часот на ул. „11-ти Септември“ во Ресен настанал пожар во куќите сопственост на М.Д. (51), на В.А. (43) и на Н.З., при што  билe опожарени покривните конструкции, собите и покуќнината, а при гаснење на пожарот било направено оштетување на дел од ѕидовите и покуќнината.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.

Пожарот најверојатно настанал на покривот, односно на оџакот од куќата на М.Д..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e