Општина Кр.Паланка: Голема еколошка акција „Почиста животна средина за подобра иднина“

Општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски продолжува со еколошки активности за расчистување на  уредените и неуредените зелени  површини во градот и приградските населби. Во тој контекс како и по повод претстојните еколошки денови, денот на пролетта и на планетата Земја,  на 17 март (сабота) ќе се спроведе голема еколошка акција под наслов „Почиста животна средина за подобра иднина“ во која предводници ќе бидат младите лица од општината односно од општинските училишта и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“. Исто така во акцијата ќе се вклучи и локалната администрација, администрацијата на ЈКП, граѓански здруженија и заедници на станари и други субјекти и лица.

Во оваа акција е предвидено чистење на 50 површини и простори  како што се: уредени регулациони речни корита, споредни паркови и зелени површини, околина на автобуска станица, околина на училиштата, околина на спортско рекреативниот центар и градски базен, пристапите и околината на манастирот, покрај споредни патишта, игралишта, слободни површини и површини на  други локации и локалитети.

Во акцијата од страна на ЈКП Комуналец ќе бидат исчистени и одредени поголеми депонии како што се депонијата на излез од населба Лозаново кон село Градец, депонијата на крај на улица „Осоговска“, депониите во Дреначка мала и кај Ловачки, депонијата под Варовишки гробишта покрај новиот асфалтен пат кон манастирот, регулационото корито на долот во населба „Единство “ и на  други помали локации.

Почитувани граѓани, граѓански здруженија, невладини организации, заедници на станари, правни лица, институции и организации Ве повикуваме  да се вклучите и да дадете свој придонес во чистењето на животната и работната средина , во чистењето  на просторите и површините пред објектите, пред своите домови и дворови . Ова не го правиме за некој друг туку за самите себе за нашата иднина, стои во повикот од општината.

Во каква животна средина ќе живеме, работиме или претстојуваме зависи од самите нас. Многу е битно и каква животна средина ќе им оставиме на нашите деца, на нашата иднина.

Биди совесно лице на општината – Вклучи се во акцијата.

29176828_984456755037668_7025146197815853056_n

29176989_984456931704317_8659773805364772864_o

29177737_984456731704337_7193501683094126592_o

29177806_984456965037647_3474527426048950272_o

29178261_984456828370994_4465542416081879040_o

29186154_984456908370986_258133345580351488_n

29186486_984456808370996_3872855771255406592_o

29196707_984456718371005_403448457324396544_o

29214451_984456688371008_3709124363732123648_n 29214678_984456841704326_882783094073982976_n

29216192_984456895037654_9203869496601739264_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e