Нема Плата Нема Мир денеска во Крива Паланка

Во Крива Паланка по повеќегодишно молчење на протестен марш излегоа текстилните работнички од фабриката Кадоро Ото каде за недостоинствена плата за живот работат и по 12 часа на ден.

После протестот во понеделник каде си ги бараа со мака заработените пари, од страна на менаџментот на компанијата беше ветено дека платите ќе бидат исплатени, што не беше случај.

Разочарани од новата лага на управата, денеска неколку стотици вработени маршираа низ улиците на Крива Паланка под името “Нема Плата Нема Мир”. За време на маршот извукуваа дека и тие како сите луѓе имаат право на достоинствен живот и право на зравствено осигурување.

Иницијатива и поддршка за вработените дадоа граѓанската иницијатива “Гласно” и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Инаку веќе години наназад, не само во Крива Паланка, се кршат работничките права, особено во текстилната индустрија, додека надлежните не преземаат ништо, па велиме, добро е што конечно собраа храброст и се спротивставија на неправдата.
17553685_1475494412483880_3784476469119101162_n

17553404_1475494409150547_5424012625514119702_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e