МВР со детали за несреќата на патот Крива Паланка – Ранковце кај с. Гиновце

Синоќа на патот Крива Паланка  –  Ранковце кај с. Гиновце се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и трактор, при што две лица беа потешко повредени.

“На 13.02.2018 година во 18,20 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово на место викано .„Љубински ливади“ во атар на село Гиновци, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од С.В.(36) од село Радибуш, и патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки  управувано од Г.Р.(39) од село Псача, Крива Паланка. Во незгодата возачот на тракторот С.В. и сопатникот Г.Ѓ.(45) од село Конопница, Крива Паланка, се пренесени во Здравствен дом Крива Паланка,  од каде Г.Ѓ. поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид на местото на настанот”, информират од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ