Младеновска: Ова се нашите проекти за граѓаните од населба Скрљава и Паднена стена

Изјава за медиуми

Ивана Младеновска, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата во Крива Паланка

11.10.2017г

 

Почитувани сограѓани,

Ја бараме вашата доверба за поквалитетен живот за граѓаните во населба Скрљава и Паднена стена.
Нашиот план за оваа населба предвидува:
-Изградба на големиот крак на улица Климент Охридски кој води кон населба Белево
– Завршување на улицата Климент Охридски на потегот Кантина кон улицата Вера Јоциќ
– Изградба на модерно корито на долот во населба Скрљава кое ќе го обезбедува текот на водите во ситуација на зголемени водотеци
– Изградба на тротоар за движење на пешаците на критичните улици наско Тамбурков, Климент Охридски и Вера Јоциќ
– реконструкција на повеќе краци на улица Наско Тамбурков
– изградба на повеќенаменско игралиште во модерен стил позади Здравствениот дом во местото Болничка ливада
– гелендери за помош при движење на пешаци во лоши временски услови во двете населби
– довршување на канализациониот систем во горниот дел од населбата Скрљава и да обезбедиме приклучоци на преостанатите куќи
– уредување на повеќе локации за контејнери и зголемување на бројот на контејнери за отпад
– редовно зимско чистење на коловозите и тротоарите во повисоките места на населбите

Драги сограѓани,
Само вие и никој друг одлучувате во каква Крива Паланка сакате да живеете. Да ставиме крај на лошата политика која од Крива Паланка направи изолирана и безперспективна општина, и да се избориме за нова, чесна и одговорна локална власт која ќе работи во итнерес на секој наш граѓанин.
Ве повикуваме во Недела, на 15 Октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за нашиот кандидат, Борјанчо Мицевски и советничката листа на СДСМ и коалицијата, за да обезбедиме ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e