Изабела Павловска: Привилегија и чест е да се биде носител на советничка листа составена од искрени и чесни луѓе

Како жена носител на советничката листа, морам да се заблагодарам на мојот СДСМ и целата коалиција што покажа дека жената зазема еднакво место, не постои родова дискриминација, дека вложениот труд и енергија се вреднува! Искреноста, посветеноста и несебичноста се цени!!!

Привилегија и чест е да се биде носител на ваква советничка листа составена од искрени и чесни луѓе, докажани секој во својата професија. Ова е листа на спој од авторитет и искуство, младост и енергичност, искреност и чесност!!! Листа во која секој, до последниот заслужува да биде прв!!!

Ова е победничкиот тим предводен од идниот градоначалник Борјанчо Мицевски!

????????????????????????????????????

Заедно со идниот градоначалник нудиме програма која секојдневно ја презентираме пред секој поединец, во секое маало, во секоја населба.

Нудиме конкретни решенија, нашата општина  да стане место каде што може подобро и поубаво да се живее! Општина од која нема да се иселуваат младите!

Ова е тимот кој ќе ги застапува интересите на сите граѓани на нашата општина, ова е тимот кој нема да прави делби и поделби. Ќе ги следи постапките на централната власт и ќе покаже дека – Зборот е збор!

Да ја крунисаме нашата победа на 15 октомври, со заокружување на бројот 19 за кандидатската советничка листа и број 19 за идниот градоначалник на нашата општина, затоа што ни е потребен – Живот во Крива Паланка за сите!!!

Изабела Павловска, носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Крива Паланка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e