(ФОТО) Mарин: Ќе изградиме стационар за улични животни

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин вчера имаше многу продуктивен состанок со сопственици на домашни миленичиња со кои заеднички ја дополнија програмата за престојните локални избори во однос на грижата за животни. Како дел од програмата предвидено е да се изгради стационар за улични животни. Разговарано е и за тоа како практично тој би функционирал.

“Крајно време е да гарантираме хуман третман и да овозможиме соодветни услови и за нив”, вели Марин.

По синоќешните сугестии, програмата на СДСМ за престојните локални избори во однос на грижа за животни, ќе ги содржи следните мерки:
– Изградба на стационар во рамките на локалната самоуправа
– Информативни кампањи за подигање на свеста за опасноста од фрлање отрови
– Едукативно-информативни иницијативи за подигање на свеста кај младото население
– Соработка за поддршка на невладини и неформални здруженија за заштита на животни

21751475_1917621685170781_710173092748606250_n 21686209_1917621668504116_7006487882078188863_n 21617520_1917621695170780_5688913026992736146_n 21616556_1917621758504107_120110167482498804_n 21558682_1917621798504103_3090862081522132092_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e