Богдановиќ: Ќе тропнеме на секоја врата да ги понудиме нашите решенија за проблемите

Тргнавме. Во наредните дваесет дена заедно со носителот на листата и кандидатите за членови на Советот на Општина Центар ќе тропнеме на секоја врата во секое маало, за да ви ги понудиме нашите решенија за проблемите. Одлуките секогаш ќе ги носиме заедно со жителите и заедно ќе ги креираме локалните политики.
Центар ќе го направиме подобро место за живеење со запирање на неконтролираното градење, ревизија на сите детални урбанистички планови, заштита и подигање на нови паркови, ново улично осветление, нови паркиралишта, училиште во Капиштец, градинка во Маџир Маало… Здравјето и среќата на луѓето ќе бидат пред профитот.
Во нашата програма се опфатени сите – најмладите, учениците, пензионерите, социјално загрозените категории, а на овие избори настапуваме со искрена и чесна понуда. Ќе ви докажеме дека го слушаме гласот на сите граѓани.
За среќен и солидарен Центар!
#Центар #нашЦентар

Саша Богдановиќ на првиот ден од официјалната кампања за локалните избори на 15 Октовмри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e