Некогаш сексот за една ноќ беше ендемски феномен, додека денес на него се гледа со апсолутно одобрување. Со вака значително изменетите општествени вредности, личноста која долго време не е во сериозна врска, дури и да не е промискуитетна, многу лесно може да достигне двоцифрена бројка на партнери.
Во едно интересно истражување мажите признаваат колку всушност им е важен бројот на мажи со кои една жена имала секс пред нив. Ќе се изненадите од нивните одговори, сè уште веруваат во филозофијата дека на жените не им е дозволено слободно да уживаат во љубовта и сексот – ако сакаат да бидат сфатени сериозно од мажите.
„Бројот на партнери сигурно би ми бил одбивен. Не знам колку партнери се премногу, но секако колку повеќе, толку полошо. Пред се поради стравот од сексуално преносливите болести, но и поради либералниот однос на таа личност кон сексот“. – Игор, 28
„Ако бројката е поголема од 10, тешко би се справил со тоа.“ – Марко, 27
„Бројот на момци со кои една девојка спиела кажува многу за тоа дали таа има материјал за да биде во врска или не“. Ако сакам да сум во врска, би ми бил важен бројот“. – Милош, 27
„Девојките кои се по мој вкус дефинитивно не се оние кои имале многу момчиња. Преголема бројка е релативен термин, кој обично е во корелација со возраста“. – Андрија, 24
„Бројот е апсолутно важен за мене. Девојка која спиела со многу момци би се сметала за само една ноќ“. – Дарко, 26
„Мислам дека не би можел да бидам со девојка која спиела со многу мажи. Всушност, сигурен сум“. – Лука, 25
„Да станува збор за девојка со која сакам да имам нешто повеќе, дефинитивно би ми бил одбивен бројот на момци со кои спиела. Едноставно, би паднала во моите очи и мојот систем на вредности… Која бројка би била за мене магична граница, хм… и не знам, да не оди преку две раце“. – Стефан, 26.