Земјата утре ќе биде погодена од соларна бура

Американската научничка д-р Тамита Сков, предвидува дека во текот на утрешниот ден Земјата ќе биде директно погодена од соларна бура.

Според Сков која е научник во Aerospace Corporation и e наградуван научен едукатор, нашата планета ќе биде директно погодена од соларна бура утре. Преку социјалните мрежи таа ја соопшти оваа вест покрај видео модел на предвидување на НАСА.
„Директен погодок, НАСА предвидува дека Земјата ќе биде погодена од соларна бура на 19 јули“, објави таа во твит, додавајќи дека може да се појават пречки во GPS системите.

Со оглед на фактот дека Сонцето сега е во активна фаза на својот 11-годишен соларен циклус, се очекува зголемен број на вакви инциденти. Обично можат да предизвикаат прекини во GPS навигациските системи кои би можеле да сметаат на летови на мали авиони и на бродови, а други причини за загриженост нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e