Во што беше маскирана ќерката на премиерот Заев на Струмичкиот карневал

Премиерот Зоран Заев не се маскираше за Струмичкиот карневал, каде се појави и со свои блиски соработници само држеа знамиња од ЕУ.

zaeva-karneval

Затоа пак маскирани беа неговата ќерка Александра Заева и нејзиното момче, кои својата маска ја споделија на Инстаграм профилот, кој е достапен за сите.

zaeva-maska

Струмичкиот карневал прераснува во еден од најдобрите во регионот, кој успешно привлекува гости од речиси целиот свет.

Тој е сместен во седумте најатрактивни зимски настани во Европа односно се најде на листата од ТОП 20 најдобри улични карневали во светот.

Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост.

Како еден показателен и мошне веројатен податок и симбол за древноста и старината на овој карневал е и фактот дека многу белези на маските, носиите и предметите кои останале во употреба (облеки од кожа и рогови од разни животни, бик, прч, овен итн.), како и алузијата на многуте сакатници со патерици кои се појавуваат на самиот карневал (истерување на злите духови, желбата за здравје, плодност итн.) и кои се карактеристични само за неговата изворна паганска форма. Карневалот подоцна доживува извесна трансформација во традиционална форма, односно маска, којашто сѐ уште ја паметат најстарите Струмичани, бидејки карневалот од кои и да е причини, за кои сѐ уште само се претпоставува, се поклопува со тримерите, односно празникот на верените. Тоа се гледа од најчестите мотиви коишто провејуват кај неа и кои најчесто се повторуваат. Тие мотиви се невестата со младоженецот, кои ги симболизираат младенците односно верените; Циган и Циганка со бебе, со значење како циганите имаат многу деца, така и новите младенци да имаат бројно потомство, т.е. многудетност; поп кој ги благословува младите за среќа, благосостојба и слога во бракот; Ѓаволот, најчесто со рогови, со опашка од вол или некое друго животно и со вила во рацете, кого сите го бркаат, а чија симболика е бркање на сите лоши сили или влијанија кои би можеле да се појават и да им наштетат на младоженците. Многу чест мотив што се јавува се и мажи претворени во жени со изразени женски атрибути и обратно, со што се покажува најчесто кои физички особини сака мажот да ги поседува жената и обратно.

Друга карактеристика на традиционалната форма на карневалот чијашто цел и намена се поклопува со предходната е наследството на бројните еротски елементи, песните исполнети со еротски мотиви, содржини и зборови, препознавањето на момчето по големиот фалус, направен од шише или друг предмет и чијашто цел е дидактичка, односно упатување и припремање на невестата за идниот брачен и сексуален живот.

Тука се и музичките реквизити, односно музичките инструменти, гитара, армоника, дајре, кои секоја маскирана група што оди по куќите на армасаните девојки ги носи, на кои се свири и кои се неопходни за стварање на една општа веселба и расположение.

Во поново време, карневалот добил посовремена, модерна димензија, со некои влијанија од слични карневали во светот, а истовремено добил и награден карактер. Меѓутоа, традиционалниот карактер на карневалот и одењето по куќите на верените девојки како обичај сепак останал. Преку шаренилото од бои, фигури и маски со различни мотиви и теми, учесниците на карневалот настојуваат да ја покажат вечната борба меѓу доброто и злото, реализмот и сарказмот, иронијата, сатирата и традицијата, полтронството и кариеризмот, власта и безвластието и сето тоа проследено со голема живост и динамика, карактеристична на струмичани.

Маските се прават по избор на самите учесници. Секој учесник си избира своја тема и идеја за маскирање, додека групните маски се заедничка идеја на целата група. Од видовите на маски, најзастапени се антропоморфните а се среќаваат и зооморфни и зооантропоморфни маски. Бројот на учесниците на карневалот, како и бројот на посетителите, од година во година се зголемувал, а покрај локалните учесници, редовно учествуваат и гости од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e