Градскиот совет на градчето Гуми во Јужна Кореа објави дека роботот, вработен во канцеларијата на градоначалникот бил пронајден „без знаци на живот“ откако минатата недела паднал по скали од висина од два метри.
Сведоци го виделе вработениот робот како „прави кругови на едно место како нешто да има таму“ пред да се случи несреќата, но точната причина за падот сè уште се истражува, изјави претставник на градскиот совет за AFP. „Парчињата се собрани и ќе бидат анализирани од компанијата“, рече службеникот, додавајќи дека роботот „помагал во секојдневните доставувања на документи, промоција на градот и доставува информации“ до локалните жители.
„Официјално беше дел од градското собрание, еден од нас“, рече друг функционер. „Работеше ревносно“.