Во Чешка е изграден подземен бункер на два спрата, а конструиран е во него луѓето да можат да живеат и до 10 години без излегување на површината.
Опидум е името на најголемиот приватен бункер кој гарантира преживување од големи апокалиптични сценарија, вклучувајќи и нуклеарен напад. Се наоѓа во склоп на монументален комплекс кој се простира на 30.000 квадратни метри во мирна чешка долина на место на поранешен воен комплекс.
Подземниот бункер со големина од 7.200 квадратни метри се простира на два спрата, а опремен е со луксузни содржини како базен, спа зона, вински подрум, градина со симулирана природна светлина, кино сала, библиотека, конференциска сала, сала за операции и заповеден центар кој има врска со надворешниот свет.
Градбата на овој бункер започнала уште во 1984. година, како таен проект на Чехословачката и Советската Влада, но последните години го презел чешкиот бизнисмен Јакуб Замразил, и е потполно преуреден за да одговара на потребите на модерните милијардери.