Викенд хороскоп: Што ве советуваат ѕвездите?

Овен

Подгответе се за бурен викенд. Сѐ што туркавте под тепих сега ќе излезе на површина. На вас е да се обидете да немате бурни реакции и да сфатите дека не сте секогаш вие во право.

Бик

Кавгите со саканата личност ќе го достигнат врвот. Исто така и ситуацијата дома е напната. Вие сте некој кој реагира веднаш. Обидете се да не биде така овој викенд. Од следната недела ситуацијата ќе се поправи.

Близнаци

Мозокот ви работи 200 на час. Брзате и не занете што попрво да направите. Овој викенд ви е потребен еден рестарт. Застанете и сфатете дека ви е потребен одмор од самите себе, т.е. од своите мисли и планови.

Рак

Емотивно сте задоволни. Сите работи, т.е. ситуации полека се смируваат. Тоа ви дава мир и спокој, а тоа ви е најважно. Организирајте семејна вечера овој викенд. На сите ќе им значи, особено на вас.
Лав

Полни сте со позитивна енергија. Не чувствувате умор и постигнувате на 100 страни. Сепак една личност ве сака само за себе. Барем еден ден од викендот посветете ѝ го само на неа.

Девица

Акцент ќе ставите на семејството. Можеби за првпат ќе го ставите пред сѐ друго. Вашето семејство ќе го почувствува тоа, а вие ќе ја чувствувате неговата магична енергија. Викендот посветете го на членовите од семејството и така ќе се наполните со прекрасна енергија.

Вага

Уживате во секојдневниот живот и обврски. Сѐ завршувате со леснотија. Склони сте кон флерт и испраќате погрешни сигнали на зафатена личнпст. Може да се случи овој викенд да имате неудобен разговор. Немојте да бидете изненадени.

Шкорпија

Задоволни сте од изминатата недела. Многу работи завршивте и сега за викендот обидете се да си удоволите на себе, бидејќи го заслуживте тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e