(Видео) Убиец со голи раце ги скрши лисиците и побегна од затвор

Алонсо Перез (25) од Лас Вегас уапсен е и осомничен за убиството на 31-годишниот Мохамед Робинсон. Но по апсењето Перез додека бил во собата за испрашување успеал да побегне.

Надзорните камери го снимија како со раце ги скршил лисиците, а потоа без оглед на тоа што и нозете му се врзани, се провлекол низ плафонот и на детективите им побегнал од затворот.

Во снимката се објаснува дека детективот бил во просторијата за време додека Алонсо бил со слободни раце, но не успеал да примети што всушност затвореникот направил и откако ја напуштил просторијата, Перез продолжил да го планира бегството.

Полицајците признаа дека не ги гледале камерите во моментот кога Перез бегал и дек им требало 40 мин. да сфатат дека исчезнал.

Перез се спуштил низ ходникот,а потоа излегол низ вратата и украл камион од блискиот паркинг.

Полициајата сепак во текот на денот повторно го уапсила Перез во блискиот стан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e