Непрекинато да се „гребете“ и да употребувате туѓ бежичен интернет можеби не е во ред, но понекогаш на секој му е потребно набрзина бесплатно да пристапи до мрежа и да пребара некоја информација. Затоа е добро да се знае дека постои едноставен начин да ја „пробиете“ шифрата за заклучен Wi-Fi, а тоа е можно со помош на апликацијата „Instabridge“.
Се работи за многу популарна апликација која ја имаат многу корисници на бежичен интернет, и со помош на која може да се најдат голем број пристапни точки, и тоа на секое место.
Со помош на „Instabridge“ може да пребарувате пристапни точки во вашата околина, а кога ја најдете онаа на која сигналот и е најсилен, во неколку чекори едноставно можете да дојдете и до шифрата и пристап до Wi-Fi.
Како се користи оваа апликација можете да видите и во видеото на јутјуб каналот „iLo“.
А уште подетално објаснување слушнете во видеото од Јутјуб каналот „Паметен телефон“.
Извор: Фактор