Хрватската фудбалска репрезентација која два гола ја разделија од Светската титула и која се запиша на второто место на Мудијалот кој заврши вчера, денеска се враќа во татковината.
По најголемиот успех во историјата втората репрезентација во светот од Москва ќе полета околу 11 часот, а во Загреб би требало да биде околу 13,30 часот. На плоштадот Јосип Јелачиќ, на кој се очекуваат 30 илјади навивачи, славењето тогаш би требало официјално да започне, пренесува индекс.хр.
По слетувањето репрезентацијата на Хрватска, ќе ја дочекаат мажуретки и бројни навивачи, по што со отворен автобус на кат репрезентативците ќе тргнат кон центарот на загребскиот плоштад.
Модриќ и друштвото на Плоштадот ќе ги дочекаат „Zaprešić Boysi“, а со навивачките песни е предвидена изведбата на „Моја домовина“. Во време на таа песна во небото ќе пуштат и илјадници црвено-бели балони.
Како е во Хрватска погледнете на следниов ЛИНК.