Николас Крум, репортер на телевизијата Chilevision, бил ограбен од папагал додека известувал за криминал во Сантијаго де Чиле.
Иако оваа реченица звучи лудо, навистина точно опишува што се случило пред очите на гледачите.
Преслаткиот мал папагал прво слетал на рамото на новинарот, па му ја извадил слушалката од левото уво, а потоа со пленот, како што се нарекува во полицискиот жаргон, одлетал во непознат правец.
Новинарот во тој момент известувал во живот, но откако му слетал папагалот, тој престанал да зборува.
Сепак, како што потврдија локалните медиуми, немало потреба од пријавување бидејќи украдениот предмет на крајот бил пронајден.
Кога видел дека не е за јадење, палавиот папагал ја фрлил слушалката во тревата.