„Многу научници на ваквите откритија на Земјата гледаат како на потенцијално окружување на другите планети“, вели Кордес.
Ерик Кордес, професор по биологија од Универзитетот Темпл во Америка, открил подводно езеро во Мексиканскиот залив, а своите истражувања ги објавил во журналот Океанографија (Oceanography).
„Глетката е неверојатна. Кога ќе нурнете доволно длабоко гледате нешто што личи на езеро или река која тече под површината на водата, навистина изгледа како да не е од овој свет“, вели Кордес.
Водата на „езерото во внатрешноста на морето“ има пет пати повеќе сол од морската вода. Но, оваа вода исто така е многу отровна. Кордес открил дека водата е преполна со метан и хидроген сулфид кои не се мешаат со морската вода.
За луѓето и животните, овие гасови се многу отровни, а во езерото можат да преживеат единствено бактериите и некои видови краби. За Кордес и другите научници ова езеро е игралиште во кое можат да истражуваат како одредени организми можат да преживеат во сосема несоодветно окружување.
„Многу научници гледаат на ваквите откритија на Земјата како на потенцијално окружување на другите планети“, вели Кордес.