Славниот влогер Кејси Нестат објави видео на својот канал на YouTube во соработка со Samsung. Во видеото, Кејси е облечен во костим на Дедо Мраз и се вози закачен на огромен дрон.
Ова е прв пат во историјата дрон да успее да крене човек, па јасно ни е зошто видеото собра преку 500 илјади прегледи за неколку часа.
Инаку, Нестат неодамна ја продаде својата апликација “Beme” на телевизиската мрежа “CNN”, па сега ќе создава содржина за нив и ќе го “пензионира” својот YouTube влог. Тие се очекува да ја започнат својата соработка од идната година.
Дали е потполно луд или многу храбар, проценете сами откако ќе го погледнете видеото! 🙂