Членовите на студиото за вертикален танц “Bandaloop” буквално ја носат оваа дисциплина на повисоко ниво!
Танчерките Ребека Дин и Џесика Свансон за потребите на магазинот Harper’s Bazaar снимија неверојатно видео во кое тие танцуваат во воздух, а на себе носат прекрасни лелеави фустани од познатите модни брендови.
Проектот е наречен “Жените кои се осмелуваат”, а името навистина одговара бидејќи овие девојки буквално летаат над општинската зграда во Калифорнија!
Погледнете го неверојатното видео кое ќе ви го запре здивот: