Бразилецот Нејмар ги загуби своите нерви по поразот во финалето на францускиот куп против Вен.
Парижаните беа поразени по изведување на пенали откако во регуларното време мечот заврши 2:2. Нејмар и неговите соиграчи може да жалат, бидејќи потрошија предност од два чисти гола, откако Бразилецот го реализираше првиот, а Даниел Алвеш вториот погодок.
По искачувањето на „Стад де Франс“ за да го добие својот сребрен медал, Нејмар влезе во дијалог со поддржувач на Рен, завршувајќи го разговорот со удар кон брадата на навивачот.