На снимката од надзорните камери во еден ден од Истанбул може да се забележи како маж дивјачки ја тепа и малтретира својата сопруга. Тој на крајот ја паднал на земја и продолжил да удира по неа со весник.
Во тој момент се појавиле група на мажи, од кои едниот се залетал и го удрил насилникот во главата и буквално го нокаутирал.
Жената започнала да се оддалечува кога ја здогледала тепачката.
“Жената беше преплашена, викаше толку гласно за да ја чуе цела населба. Се обидуваше да се заштити. Ваквото насилство е недозволиво”, вели уште еден сведок.
Медиумите наведуваат дека насилството започнало откако парот, за кој се смета дека е разведен, се сретна на суд во Истанбул каде требало да се одржи сослушувањето. Мажот, кој подоцна бил идентификуван како Мехмет Т. бил уапсен.