Момчето тврди дека е единствената личност во светот која може да го направи ова, па поради тоа се надева на влез во Гинисовата книга на рекорди.
Индиското момче Абишек Чуби (18) има неверојатна супермоќ да влече автомобили со силата на своите плешки.

Иако изгледа како да нема доволно сила да понесе една торба со брашно, овој Индиец го нарекуваат Херкул, и тоа со причина!

Специфичниот тинејџер нашол уникатен начин за да ја покаже својата натчовечка сила: тој може да ги влече двата автомобили, така што ги врзува со јаже, а јажето за дрвена тула, која потоа ја сместува помеѓу плешките.

Абшек, кој е со потекло од градот Сагар, во државата Мадја Прадеш, тврди дека е единствената личност во светот која може да го направи ова, па поради тоа се надева на влез во Гинисовата книга на рекорди.