Во далечната 1972 година, Јосип Броз Тито беше домаќин на британското кралско семејство во Белград, при што дури побара да ги фати сите жаби околу Белата палата за да може мирно да спие денеска починатата кралица Елизабета Втора, но таа одлука не и се допаднала.
Утрото кога станала, кралицата се пожалила дека ѝ недостига звукот на жабите што ја смирувал па Тито ја сменил наредбата.
Инаку, тоа беше прва посета на кралицата во комунистичка земја поради што беше критикувана во западните медиуми. Тогаш Тито побарал лична средба со кралицата по повод неговиот 80-ти роденден, што таа ја прифатила и дошла во дводневна посета заедно со принцот Филип и принцезата Ана.
Со тој гест таа покажа дека различните политики не се бариера за меѓународното пријателство, а нејзиното однесување во Белград беше прифатено како многу необично и опуштено. Имено, таа играше голф со Тито, па дури и јаделе портокал заедно пред фотографите. Тоа е необичен и интересен момент со оглед на тоа дека кралицата е позната по тоа што ретко јадела пред камери и не го одобрувала тоа, но на Тито срдечно му го понудила овошјето што го јадела.
Новинската агенција „АП“ објави видео од тогашната посета на каналот „Јутјуб“, а видеото беше придружено со гласот на нараторот кој го раскажуваше настанот во тој момент.
Да потсетиме, британската кралица присуствуваше на погребот на Јосип Броз Тито во 1980 година во Белград.