Со неколку корисни совети можете целосно да си направите прекрасна оаза на мирот во која ќе уживате цело лето.
Сè позабележително е дека луѓето се враќаат во природата, па така и кон материјалите кои потекнуваат од неа.
А, поради тоа што летото ни се ближи, многумина ги уредуваат своите дворови или плацови кои ги имаат надвор од градот, подготвувајќи ја својата оаза на мирот за време на жешките денови.
Дрвените, летни куќички прекрасно изгледаат, а толку се корисни што може да си ги направите и сами.
Освен тоа тие се мултифункционални, па во текот на зимата може да ви послужат како остава.
Денеска ќе ви ја пренесеме постапката на правење на куќичка од дрво и тоа чекор по чекор.
Забавувајте се, искористете го слободното време за интересен начин, а за возврат ќе добиете ново омилено место за уживање и одмор.
Со правилниот избор за видот на дрво, типот на конструкција и начинот на градење, дрвените структури можат да ги исполнат суштинските барања на современо одржливите градби, со што ќе го намалите оптоварувањето на животната средина.
Дрвото во текот на својот раст исто како и во текот на употребата апсорбира јаглерод моноксид, па затоа во текот на преработката бара помалку енергија од останатите материјали.
Градењето со дрво е побрзо, енергетски поефикасно и еколошки поприфатливо од конвенционалното градење. Исто така животот во контакт со дрвото има многу придобивки поради тоа што дрвените објекти нудат високо ниво на удобност.
На што треба да обрнете внимание?
За градење на летна куќичка од дрво најдобро е да користите:
– бор;
– елка;
– арис.
Освен тоа треба да обрнете внимание на содржината на влага во дрвото. Доколку го занемарите ова правило, по одредено време ќе може да наидете на сериозно пукање на конструкцијата.
Треба да обрнете внимание и на спојување на дрвените греди.
Се препорачува да се користи профилирано дрво затоа што полесно се спојува конструкцијата, секогаш се прецизни димензиите и мали се шансите да дојде до пукање. Многу е важно сите дрвени елементи да бидат претходно третирани со антисептички средства.