Велигден е се поблиску, па домаќинките веќе се подготвуваат за бојадисување на јајца и собираат нови идеи.
Доколку сакате оваа година да имате гламурозни златни јајца за Велигден, ви препорачуваме да ја испробате техниката на бојадисување која воодушевува.
Потребно ви е: варени јајца, златна тенка фолија, белки од живи јајца.
Подготовка: Сварете ги јајцата и добро исушете ги.
Потопете ја четката во белките и поминете преку јајцето, па залепете ја фолијата.
Работете постепено, така што фолијата добро да се залепи.
