(ВИДЕО) Хрватски навивач фрли кауч низ прозорец од радост за победата над Русија

Победата на Хрватска над домаќинот Русија во четвртфиналето од СП 2018 беше драматична во најмала рака.

Хрватските навивачи беа на работ на столчињата и на работ на нервите додека ги следеа регуларните 90 минути од натпреварот, па судиските продолженија и за крај, изведувањето на пеналите што беше решавачко за пласман во полуфиналето.

Останува прашањето дали гордиот Хрват имал намера и ветил дека ќе го фрли каучот ако победи неговиот тим или ова му било моментална „инспирација“.

Видеото прва го објави страницата Dnevna doza prosječnog Rvatine, што подоцна објави и фотографија од фрлениот кауч „за оние кои цел ден прашуваат што се случи со најпознатиот кауч“.

kauc

Еден хрватски фан од радост за победата над Русија фрли цел кауч низ прозорец и продолжи да скока од среќа додека неговите пријателки го снимаат како не може да ја артикулира среќата. По каучот, леташе и дресот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e