(ВИДЕО) Го погребале со 6 милиони долари за да го подмити Господ!

Чарлс Обонг (53) од Уганда барал од сопругата да го погреба со голема количина на пари за да го подмити Господ и со парите да го замоли да му ги прости сите гревови.

Обонг работел како висок службеник во администрација  и со години собирал пари кои планирал со себе да ги однесе во гроб. Неговиот зет ја потврдил информацијата дека Чарлс барал од неговата сопруга да го погреба со околу 6 милиони долари. Парите имал намера да му ги даде на Господ во замена за простување на гревовите кои ги направил додека бил жив.

Чарлс долго време имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги помиал планирајќи што ќе му рече на Господ кога ќе се сретнат на Судниот ден.

Погребан е на северот на Уганда, но неговиот мир не траел долго со оглед на тоа што гробот наскоро бил ограбен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e