Новогодишната забава во една детска градинка во Казахстан тргна на лошо кога неколку огномети експлодираа во исто време.
Децата биле облечени во Дедо Мразовци и ја гледале приредбата заедно со родители. Во еден момент, почнало да се пука, а родителите скокнале во паника.
Одеднаш просторијата се претвори во бојно поле, а многумина врескаа и ушите ги покриваа со раце. За среќа, никој не е повреден.
Иако не е позната точната локација на овој инцидент, одредени медиуми пренесоа дека се работи во Казахстан. Меѓутоа, тамошниот министер за внатрешни работи рекол дека ќе ја истражи снимката, но ниту еден сличен инцидент не е пријавен во таа земја.