(ВИДЕО) Девојка тврди дека е бремена со бебето Исус!

Деветнаесет годишната американка Хајли тврди дека го носи бебето Исус Христос, како и дека затруднела како Дева Марија. А, бидејќи е бремена веќе девет месеци, барем според нејзините зборови, наскоро и ќе дознаеме дали ја зборува вистината…

Својата приказна ја раскажа за популарната емисија “Dr. Phil”, па го привлече вниманието на светската јавноста.

“Бремена сум во деветти месец, а семејството, пријателите, па дури ни црквата не ми веруваат дека сум бремена. Ми велат дека само сум се здебелила, а јас знам дека Исус е во мене. На крајот сѐ се сведува на тоа колку голем верник си”, вели таа.

“Спиев една ноќ кога бебето ме удри по стомакот и тогаш ја почувствував неговата глава под папокот”, раскажува тинејџерката, која никако не сака да го прифати фактот дека не е бремена, иако направила бројни тестови за бременост кои биле негативни.

Таа барала и вадење на крв, бидејќи била убедена дека тоа ќе покаже дека е бремена, но докторите одбиле да го направат тој тест.

Нејзината сестра тврди дека Хајли само сака да добие внимание и дека “едноставно е луда”, додека нејзината мајка тврди дека Хајли е “компулсивна лажливка која живее во својата фантазија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e