Велика Британија ја добива прва фабрика за селфи фотографии

Велика Британија е позната по Биг Бен, музејот Мадам Тисо, Пикадили, црвениот автобус на спрат, Бакингемската палата, Вимблдон, а од август ќе стане позната и по првата фабрика за “селфи фотографии”.

Станува збор за музеј во кое фотографирањето не само што е дозволено, туку е и единствената работа.

Изложбата со име “Фабрика за селфија”, која се отвора во Брајтон, ќе претставува ново поп-ап искуство и има потенцијал да стане светска сензација.

Фабриката своите врати ќе ги отвори на 23. август, кога посетителите ќе можат да уживаат во магијата на селфи фотографиите една седмица.

Овој претприемничко-уметнички концепт потекнува од три млади девојки, кои оваа идеја ја пренеле од Лос Анџелес во Велика Британија. Изложбата има тенденција да стане светска атракција, пишува британски “Metro”. Креаторките ја добиле идејата од основните навики на миленијалците за реализација на овој концепт.

“Луѓето споделуваат се повеќе фотографии, а понекогаш одат многу далеку за да направат совршена фотографија”, вели директорот на Фабриката за селфи, Вил Боверс.

“Нашата цел е да создадеме окружување во кое секој може да дојде, добро да си помине и да се врати со фантастични фотографии, со кои ќе може да им се пофали на своите пријатели”, истакнал тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e