Веќе не е шега: Фанови донираат за најмладата милионерка да стане милјардерка

ткако Форбс објави дека Кајли Џенер е на пат да стане најмладата милијардерка во светот, нејзините обожаватели се организираа да ги соберат 100.000 долари и да ѝ помогнат да го зголеми своето богатство.
Козметичкиот бренд „Кајли“, кој го отвори дваесетгодишната ѕвезда на Инстанграм, Кајли Џенер, се проценува на 900 милиони долари. Од таа причина, списанието Форбс неодамна ја стави Кајл Џенер на насловната страница, како жена која може да стане најмладата милијардерка во светот.

Овој потег на Форбс наиде на бројни критики, бидејќи Џенер доаѓа од богато семејство, а нејзините пари, кои таа наводно сама ги заработила, се дискутабилни.

Сепак, нејзините најистакнати обожаватели одлучија да ѝ помогнат да ја „заработи“ нејзината прва милијарда. Тие креираа кампања за собирање на пари наречена „GoFundMe“, покрената од Још Островски.

Оваа акција прво беше сфатена како шега, па еден од многубројните иронични твитови беше: „нема да донирам за сиромашните, туку ќе ѝ помогнам на оваа богата жена да стане милјардер“.

Сепак, луѓето навистина почнаа да донираат пари за да ѝ помогнат на Џенер. Донациите обично се 5 долари. Сепак, постојат и такви кои даваат и по 100 долари, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Ова не е прв пат интернет-заедницата да собира пари за многу богати луѓе. Кампањата „GoFundMe“, започна во април и обезбеди повеќе од 7.000 долари за купување на кауч на Илон Маск, откако КБС објави дека Маск спиел на подот од Фабриката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e