Експертите за сајбер безбедност ги предупредуваат корисниците на паметни телефони за три апликации кои, иако навидум безопасни, собираат лични податоци без знаење на корисникот, објави 4NEWS.mk
Овие апликации често се претставени како корисни алатки, но во позадина можат да собираат чувствителни информации, објавува Вечерњи.
Експертите препорачуваат корисниците внимателно да ги разгледаат дозволите што апликациите ги бараат за време на инсталацијата и да преземаат апликации само од доверливи извори. Исто така, редовното ажурирање на апликациите и оперативниот систем може да го намали ризикот од неовластено собирање податоци.
Апликации со фенерче
Иако повеќето паметни телефони доаѓаат со вградена функција за фенерче, дополнителните апликации за оваа намена може да побараат непотребни дозволи, како што се пристап до контакти или локација. Според извештајот на Wired, некои од овие апликации постојат за собирање лични податоци на корисниците.
Апликации за временска прогноза
Иако е разбирливо дека ваквите апликации треба да пристапат до вашата локација за да обезбедат точни информации, некои од нив собираат и дополнителни податоци како што се име, е-пошта или дури и поштенска адреса. Експертите советуваат претпазливост при користење на вакви апликации и препорачуваат проверка на локалните временски прогнози преку сигурни извори.
Популарни игри
Некои популарни игри, како што е „Angry Birds“, можат да собираат лични информации на корисниците и да ги споделуваат со трети страни. Според извештаите, дури и разузнавачките агенции како што е NSA ги хакирале базите на податоци на ваквите игри поради големата количина на собрани информации.