Обожавателите се воодушевени од емотивните изливи на сопругата на најдобриот српски тенисер
Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, му го честитала 31-виот роденден на својот сакан со романтична порака на социјалните мрежи.
„Денес ја пеам песната ‘Heaven’ од Брајан Адамс и се ежам кога размислувам за нашата младост… бевме само јас и ти… бевме млади, диви и слободни. Само еднаш во животот можеш да пронајдеш некој кој ќе ти го преврти светот наопаку и ќе те развесели кога ќе бидеш потиштен. Ништо не може да го промени тоа колку ми значиш. Имам многу работи да ти кажам. Но сега само прегрни ме, бидејќи нашата љубов ќе го осветли патот. Среќен роденден, љубов моја! Јас сум среќна жена, сопруга и мајка“, напишала Јелена на социјалните мрежи.