Куќа вредна 250 милиони долари се продава во Лос Анџелес и се смета за најскапа во САД и меѓу најскапите во светот.
Оваа екстраваганција има 12 спални соби, 21 бања, пет барови, три кујни, куглана, хелиодром, базен и други луксузни детали.
Покрај тоа куќата е полна со уметнички дела, а само скулптурата од огромниот „Лајка“ фотоапарат вреди милион долари. Автор е кинескиот уметник Лиао Џибаји.
Вреди да се погледне и во гаражата зошто во неа веќе се паркирани и 12 скапоцени автомобили – бугати, ролс ројс, пагани хуајра…
Погледнете го видеото: