Добрите утрински навики, често знаат да бидат занемарени поради брзиот начин на живот.
Научниците кои истражувале на оваа тема ни нудат неколку практични совети, за квалитетни утрински навики.
Дишете длабоко
После спиење, собата е полна со нечист воздух, дури и ако ви бил отворен прозорецот. Веднаш по станувањето отворете го прозорецот, извадете ја главата надвор, вдишувајте и издишувајте 10 минути. Би било добро самите да се потсетите дека сте здрави и среќни.
Ако наутро успеете да развиете позитивен став, во текот на денот ќе бидете отпорни на негативноста која сигурно ќе наиде на вас.
Протегнување
После спиење телото е опуштено и секое мало движење може да направи проблем. За да не ви се случи тоа по утринската хигиена задолжително направете вежби.
Телесни вежби
После протегнувањето, наградете го телото со вежби. Ако успеете да ги направите пред да ве притиснат обврските, сте завршиле прекрасна работа. Доволни се 15 минути.
Туширање
Ако имате стресно утро и исполнето со нездрави навики, задолжително одете под туш, ќе се опуштите.
Појадокот пред кафето
Можеби обожувате утринско кафе, но независно од тоа, ниту кафето ниту цигарите не би требало да ги конзумирате наутро пред да внесете нешто во вашиот желудник.
Организација
Луѓето имаат најмногу проблеми со организација на времето. Целиот стрес настанува од брзањето и задоцнувањето. Тоа е нешто што можете да го избегнете, секако ако се организирате добро.
Настојувајте навечер пред спиење да направие план за утрешниот ден.
И, секако ќе ви биде потребно време да ги усвоите новите навики, но не се откажувајте. Се работи за навики од кои ќе бидете подобро расположени, активни, здрави и поубави.