Уапсена екс швалерка на Трамп?!

Сторми Даниелс, порно ѕвездата која тврди дека имала афера со американскиот претседател на САД, Доналд Трамп е уапсена синоќа додека настапувала во стриптиз клуб во Коламбус, Охајо, вели нејзиниот адвокат за Fox News.

Даниелс, чие вистински име е Стефани Клифорд, тврди дека имала сексуални односи со Трамп во 2006 година кога тој веќе бил во брак со Меланија Трамп, изјава која Трамп ја негира.

Таа го тужеше Трамп и неговиот долгогодишен личен адвокат Мајкл Коен и бара да се поништи договорот за молчење кој го потпишала пред неколку дена пред да се случат изборите во САД во 2016 година.

Полицијата во Коламбус не го потврди апсењето на Сторми, ниту стриптиз клубот не објави ништо околу тој настан.

Адвокатот на Даниелс, Мајкл Авенати напиша на Твитер дека Даниелс е уапсена, бидејќи “му дозволила на клиент да ја допира на сцена, на начин кој не е сексуален”.

Инаку, законот во Охајо забранува допирање на танчерка во стриптиз клуб, на сите оние кои не се во сродство со неа.

“Дали некој се шегува? Тие повикуваат полиција за ова? Нема поголем криминал овде? Ова беше местенка и политички мотивирано”, напиша Аванти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e