Турскиот ТВ проповедник, Аднан Октар (62), водичот на еден од најозлогласените култови во таа земја е уапсен во својата вила во Истанбул. Тој е уапсен поради обвинение за криминал, проневера, киднапирање, перење пари, искористување на верски чувства, уцени и сексуално насилство.
На снимките може да се забележи како полицијата ги носи Октар и неговите следбеници во болница на преглед пред испитување. Полицијата трагала за околу 234 негови следбеници поради истите обвиненија во неколку рации спроведени во пет градови.
Досега се упасени 166 осомничени на 120 адреси во четири покраини. Запленети се оружје и муниција, еден панцир и едно оклопно возило.
Октар е казнен во февруари поради прекинувањето на неговото шоу, каде што говорел за “исламски теолошки дискусии” опкружен со своите робинки, кои биле провокативно облечени кои имаат подлегнато на многубројни пластични операции.
Џејлан Озгур, жената која учествувала во неговите емисии изјавила дека побегнала од криминалната мрежа во 2017 година откако во неа поминала 10 години.
“Злоставување на девојчиња од 7, 10, 14 и 17 години, а некои од нив беа неколку пати силувани”, изјавила таа.