„Тато пиштолот го стави на маса. Кристина сакаше да пука, но тато не и даде. Тогаш ме тераше мене да го прашам, па прифати. Излеговме на поелто пред куќата. Сестра ми испали неколку куршуми во воздух, а потоа го праша тато: „Дали имаш уште некој куршум?“. Тој и рече дека има уште еден во цевката. Не знам како тоа се случи. За една секунда падна како свеќа.
Со овие зборови за „Вечерни новости“, страшната трагедија, вечерта меѓу саботата и неделата, ја прераскажа братот на убиената Кристина А. (15) од село Милјаница кај Неготино.
„Таа неодамна раскина со дечкото. Од другарите слушнав за таа врска. Кристина ништо не ми раскажа.
Потоа нејзините другарки и рекле дека не може да се помири со тоа што раскинаа. Ми испрати порака. „Сакам да бидам со тебе“, изјави братот на настраданата девојка која одела во прва година Средно земјоделско школо „Рајко Босниќ“.
Девојчето пукало од „тетејца“ 7,62, а потоа испали куршум и погоди во главата, која мина низ двете слепоочници, таткото и братот ја внесоа во куќата. За тоа сведочат и трагите на крв на домашниот праг.
На тоа место семејството, роднините и другарите запалија свеќа.
Таткото на Кристина, Зорислав Џорџевиќ е задржан во притвор до 48 часа поради тешки дела загрозување на општата сигурност.
Шпекулациите дека Кристина извршила самоубиство и дека ја убил некој од семејството, според зборовите на роднините на девојчето не се вистина.
„Се уште не знаеме што точно се случило, но никој од семејството не ја убил, ниту пак Кристина изврши самоубиство“, изјави жената со плачлив глас.