“Тој ми е сопруг, а не татко”, студентка се омажи за 34 години постар маж бидејќи сексот бил одличен

25- годишната студентка Кортни неодамна се омажи за Вен Торнтон и со тоа стана “баба” на три внучиња, Сејди, Џуд и Пруденс. Иако разликата во години е дури 34 години, Кортни вели дека со Вен во кревет е “многу жешко”.

“Никогаш не запознав маж на кој не му е до секс. Тоа не престанува после 50 години. Сè функционира и супер ни е како и на другите парови”, објаснила таа за The Sun.

Иако многу луѓе тврдат дека со Вен е само поради пари, Кортни признава дека поголемите проблеми се другите жени.

“Бевме во супермаркет и самохрана мајка започна да му зборува, бидејќи сметаше дека е навистина убаво што Вен се дружи со својата ќерка”, објаснува таа.

Кортни и Вен живеат во истиот град во Џорџија, а заедно се од 2016 година.

Don’t mind us. Just out here living our best life.

A post shared by Courtney Thornton (@courtlyb) on

“Живееме во мал град, па го знаев отсекогаш. Беше професор, но никогаш не ми предаваше. Пред неколку години мојата тетка се пријави на натпревар за Мис, а тој пушташе музика таму. Тој е “фаца” во нашата заедница”, објаснува.

Кога во 2016 година почнала да се занимава со музика, знаела на кој да му се обрати. Станале пријатели и имаат слична смисла за хумор.

“Понекогаш заедно ќе одевме на вечера. Го прашував што мисли за тоа нашата врска да се движи во нагорна линија, а тој ме праша дали знам колку години има. Му реков дека тоа воопшто не е важно и дека ме привлекува. Ми се допаѓа неговиот шарм и личност”, рекла Кортни.

Тие направиле венчавка пред 20 луѓе во Џорџија во јули 2016 година, а на венчавката присуствувале и нејзините родители, а како што вели Кортни биле многу среќни. Нејзините пријатели исто така ја поддржуваат, но семејството на Вен баш и не е воодушевено со овој брак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e